Невремето се шири во Хрватска – се излеа Сава кај Загреб

by fokus

Невремето од Словенија почна да се шири и во Хрватска, па поради обилните дождови во Загреб, реката Сава се излеа од коритото.

Според најавите на хидролозите, поради прогнозираните обилни дождови и невреме што рано денеска ја зафатија Словенија, нагло покачување на водостојот се очекува и кај помалите притоки во горните делови Драва и Сава, каде може да се преземат итни мерки за одбрана од поплави.

Во текот на денот обилни врнежи од дожд го зафатија подрачјето на северниот дел на Јадранот, Горски Котар, Лика, централна и северозападна Хрватска, а подоцна попладне и во наредната ноќ може да предизвикаат поплави во областа на централниот и јужниот дел на Јадранот.

Невремето пристигна во Хрватска во текот на попладневните часови, а Државниот хидрометеоролошки завод на Хрватска рано денеска издаде ново предупредување во кое ги повика граѓаните да бидат внимателни и да се заштитат себеси и имотот.

Во исто време, хрватското МВР соопшти дека сите оперативни сили во Хрватска се ставени во состојба на готовност.

Поврзани новости