Mинистерката за финансии, Нина Ангеловска, синоќа информираше дека, со измените на уредбата донесена од Владата, се проширува листата на дејности каде што ќе може да се користи платежната картичка од „Купувам домашно“.
Купувањето ќе може да се направи во повеќе продавници, како што се оние за текстил, обувки, предмети од кожа, спортска опрема, продавници за книги и продавници за мебел, осветлување, производи за домаќинства.
-Уредбата за домашната платежна картичка вчера беше дополнета и сега граѓаните со домашната платежна картичка може да купуваат домашни производи и услуги во: хотели, одмаралишта, кампови и други објекти за сместување, туристички агенции и оператори, ресторани, достава и подготовка на храна и пијалоци, супермаркети, продавници за храна, пекари, мебел, осветлување, производи за домаќинства, книжарници и продавници за книги, спортска опрема, продавници за облека, обувки, предмети од кожа, аптеки, фризерски салони и салони за убавина и други услужни дејности, објави Ангеловска на својот профил на Фејсбук.
Домашните производи треба да бидат посебно означени на гондолата, рафтот, производот или лифлетот во продавниците.