Повеќе лица се полесно повредени во сообраќајка откако
Комбе-автобус утринава изгубило контрола и се превртело на патот Струмица -Валандово, во близина на мотелот „Македонска куќа“, информираат од полицијата, а притоа повредени се десетина патници.
– Околу 06:20 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на регионален пат Струмица -Валандово, Ф.А.(42) од Струмица, управувајќи комбе-автобус со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и се превртел на коловозот. Во несреќата со полесни повреди се здобиле повеќе лица кои биле пренесени во Медицински центар Струмица за укажување лекарска помош, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица и јавен обвинител од ОЈО Струмица – информираа од МВР.
Од струмичкото Обвинителство пак излегоа со информација дека во комбе-автобусот се превезувале 25 лица, од кои 15 побарале помош во болницата. Тројца се задржани заради натамошни испитувања и следење на состојбата, а останатите по укажаната помош се упатени на домашно лекување.
Поради несреќата, сообраќајот на овој патен правец беше во прекин до 08:45 часот.