Се преврте комбе на патот Кавадарци- Прилеп, сообраќајот блокиран

by fokus 16:58
16:58

На патот Кавадарци-Прилеп предмалку се случи сообраќајна несреќа, односно на патот се преврте комбе.

Бидејќи комбето е на средина од патот, сообраќајот е во целост блокиран. Колони на возила се насочуваат по спореден земјен пат, а движењето е отежнато поради врнежите од дожд.

- Advertisements -

Засега нема информации за повредени.

Вики Клинчарова

Поврзани новости