Се преврте камион на патот Кр.Паланка-Куманово, сообраќајот во прекин

by fokus

На патот Крива Паланка-Куманово предмалку се преврте камиот натоварен со иверка, поради што сообраќајот во моментот е во прекин. На овој пат често пати се случуваат сообраќајки, поради острите кривини.

Засега немаме официјална информација за состојбата на возачот, додека очевидци на сообраќајката велат дека е повреден.

Фотографиите ги испратија читатели на „Фокус“.

Поврзани новости