Се прават полициски претреси на автобусите и автомобилите што тргнале на митинг

by Фокус

Повеќето од автобусите и автомобилите, кои изутринава тргнале накај Скопје, за големиот сенароден митинг што го организираа опозицискиот СДСМ веќе почнале да се соочуваат со контроли и полициски претреси по патот.

Автобусите што во 9 часот тргнале од Делчево досега двапати биле стопирани од полицијата и претресувани. Еден од автобусите веќе 15 минути стои во место и не му се дозволува да тргне. Дел од граѓаните, веднаш се обратија во редакцијата на „Фокус“, раскажувајќи што поминуваат по патот накај главниот град,

– Само што тргнавме, двапати не запреа. Наводно се прават полициски контроли, а се само со цел да се малтретираат граѓаните кои тргнале на големиот сенароден митинг во Скопје. Колку и да сакаат да прават проблеми, нема да можат да не спречат да стигнеме – тврдат дел од граѓаните.

Лидерот на опозицијата, Зоран Заев неколку пати досега нагласи дека почнале да се прават опструкции со превозот и дека превозниците почнале да откажуваат. Затоа, тој им упати апел на сите, да дојдат со своите автомобили, а ако треба и со возови, трактори и багери ќе ги донесат луѓето, кои сакаат да присуствуваат на митингот.

Поврзани новости