Видео: Граѓански протест во 14 часот денеска пред Владата

by Фокус

Граѓанската и натпартиска коалиција за враќање на достоинството на луѓето и за одбрана на Уставот на Републиката, „Граѓаните за Македонија“ заедно со опозициските партии денеска организира граѓански протест кој ќе се случи во 14 часот пред Владата, со барање за оставка на Владата и формирање преодна Влада.

На протестот најавено е присуство на Сергеј Станишев– претседателот на европските социјалисти, претставниците на Европскиот Парламент, Кнут Фленкештајн и Ричарт Ховит, како и невладини активисти, луѓе од различни етнички заедници итн.

На протестот се приклучуваат и студентите кои прво се собираат на палтото пред УКИМ во 13 часот, оттаму ќе помина пред Основниот суд 1 каде уште еднаш ќе побараат пуштање на слобода на приведените студенти од 5 мај па наваму, а потоа ќе се приклучат на протестот пред Владата.

Поврзани новости