615
Двајца припадници на АРМ од тетовската касарна утринава се здобиле со тешки телесни повреди за време на вежбата која што ја имале утринава, додека го чистеле оружјето.
Повредените се донесени во болницата во Тетово со прострелни рани, но поради сериозноста на повредите и по првичната интервенција се префрлени на Клиничкиот центар во Скопје.
Од тетовската болница информираат дека војниците биле со прострелна рана и повреди на екстремитетите.
Од Клиничкиот центар за „Фокус“ велат дека повредените се во стабилна состојба и дека попладневно ќе бидат оперирани.