Се потпиша протокол со кој Македонија ќе преговара со Бугарија за својата историја, вели Николоски

by Fokus

Паднаа маските, се потврдија лагите! Ни 24 часа не издржа лагата на Владата на СДСМ и ДУИ дека билатералните спорови со Бугарија нема да се услов за напредок кон ЕУ. Ни 24 часа не издржаа, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

„Денес се потпиша Протоколот со кој што Македонија нема да преговара со ЕУ за својот напредок туку ќе преговара со Бугарија за својата историја. Денес во Софија е потпишан Протокол кој ќе биде дел од Преговарачката рамка на Македонија со Европската Унија. Со Протоколот на кој што стои потписот на македонското МНР, промената на историјата и промената на учебниците по бугарски терк стануваат услов за напредок на Македонија кон ЕУ“, истакна Николоски.

Оваа предавничка влада направи и се согласи за промена на историјата, и промена на учебниците поточно за отворена бугаризација како услов за напредок во европските интеграциите. И тоа јасно кажано денес, затоа што јасно беше кажано во Софија дека Протоколот станува дел од преговарачката рамка и дека соодветно неисполнувањето на задачите во тој Протокол Македонија ќе напредува или нема да напредува кон ЕУ, односно ќе се отвораат или ќе се затвораат поглавја. Наједноставно кажано доколку Македонија прифаќа бугаризација ќе напредува кон ЕУ, доколку не прифаќа бугаризација што е став на огромното мнозинство од македонски народ нема да напредува кон ЕУ. Лагите паднаа, маските паднаа.

Поврзани новости