396
Поплавени се канцелариите на администрацијата и на градоначалникот Курто Дудуш после првиот дожд во Општина Шуто Оризари.
Како што соопштуваат од Општината повикувајќи се на сведоштва на вработените, ваквата ситуација е со години поради лошата кровна конструкција. Претходниот градоначаник наместо да интервенира во кровна реконструкција инвестирал во проширување и реновирање на сопствената канцеларија.
Општината е под ризик од избивање поголем проблем поради протекување на вода директно во струјната инсталација.