Се подготвувале за диви трки на автопатот Тетово-Скопје, полицијата им ја спречи „забавата“

by Fokus

Петнаесет возила со македонски и странски регистарски ознаки вчера биле исклучени на булевар „Маршал Тито“ во Тетово, бидејќи вршеле подготовки за организирање диви трки на автопатот Тетово-Скопје и обратно, информира Министерството за внатрешни работи.

Кон лицата се преземени соодветни мерки и изречени им се санкции за прекршоците кои им биле констатирани.

Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до возачите да ги почитуваат законските правила и прописи во сообраќајот, навремено да ја проверуваат техничката исправност на возилата, да не организираат трки на автопатот и да придонесат за нивната безбедност и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Во спротивно, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, ќе им бидат конфискувани нивните возила во рок од 90 дена.

Поврзани новости