Се опил, ги натепал брат му и снаа му и на крај го нападнал полицаецот, кој сакал да ја спречи тепачката

by Fokus

Четириесет и тригодишен скопјанец, кој бил во алкохолизирана состојба ги нападнал брат му и снаа му и тепал полицаец, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера околу 21,30 часот полициски службеник од полициско одделение Петровец, интервенирајќи при физички напад и самиот бил нападнат. Имено М.С.(43) од Скопје, кој бил под дејство на алкохол физички ги нападнал неговиот брат и снаа, а при обид на полицискиот службеник да интервенира М.С. го нападнал удирајќи го со глава во пределот на носот. М.С. е лишен од слобода во полициска станица Гази Баба, а полицискиот службеник побарал лекарска помош во Ургентен Центар Скопје.

Против сторителот ќе биде поднесена пријава за напад на полициски службеник.

Поврзани новости