Излетал со автомобилот од патот и веднаш починал

by Fokus

Четириесетгодишен битолчанец починал во сообраќајка, откако автомобилот му излетал од коловозот, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера во 20,35 часот на пат Р 1101 Ѓавато – Тополчани (стар пат) во близина на туланата во правец кон крстосницата за с.Могила, возило „Ауди“ со битолски регистарски ознаки управувано од Р.Г.(40) од Битола излетало од коловозот, при што возачот починал на лице место.

Увид на лице место извршиле јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Битола. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.

Поврзани новости