Во организација на транснационално движење #STATEOFSOLIDARITY, денеска се одржа мирен марш за реафирмирање на европските вредности на сите народи во Европа наречен „Мир, демократијата, социјална правда и достоинство за сите“. Маршот почна од Владата, а потоа продолжи до седиштето на Делегација на Европска Комисија во Скопје.
Барањата на оние кои маршиира во знак на поддршка, се обезбедување на безбедни рути од Медитеранот, вклучително и балканската рута, на сите луѓе кои пристигнуваат на границите на државите во Европа и Турција.
Во вечерните часови ќе има јавна дискусија и прикажување на краток документарец направен од страна на луѓето кои минале, минуваат низ Република Македонија или веќе пристигнале до посакуваната дестинација во некоја од европските држави. Програмата потоа продолжува во ГЕМ клуб „Менада“ во Стара чаршија каде со почеток во 18 часот ќе има јавна дискусија на тема: Темната страна на Балканската рута: Има ли правна заштита за луѓето кои минуваат низ територијата на Република Македонија, а се или биле жртви на дела од омраза и криумчарење?