Се одложи одлуката за преговарачката рамка-Скопје и Софија имаат недела плус да се договорат

by fokus

Министерскиот совет на Европската комисија кој беше најавен за на 10 ноември на кој требаше да се потврди – или не – усвојувањето на преговарачките рамки за Скопје и Тирана е одложен за 17 ноември.

Како причина за одложувањето е критичен контакт на германскиот министер за Европа, Михаил Рот, со лице позитивно на Ковид-19, соопшти портпаролот на германското претседателство на Твитер, Себастиан Фишер.

Во текот на денот се очекуваат повеќе детали за напредокот на преговорите на ниво на ЕУ помеѓу Бугарија и останатите земји членки за преговарачката рамка за Северна Македонија.

Поврзани новости