Од 18 до 74 години имаат новите Ковид-19 позитивни лица во Тиквешијата

by fokus

Денес се регистрирани 31 случаи на корона вирус во Тиквешијата, од кои 16 во Кавадарци, осум во Неготино, пет во Росоман и две во Демир Капија. Лицата се на возраст од 18 до 74 години, информираат од ЦЈЗ Кавадарци.

-Се работи на утврдување на нивните контакти, а се чекаат уште резултати во тек на ден. Починат е еден пациент од Кавадарци на возраст од 70 години, на клиника-појаснуваат од центарот.

Според вчерашните податоци од МЗ, бројот на активни случаи во Кавадарци изнесуваше 285, а со денешните, надмината е бројката од 300.

И во Неготино од пред два дена бројот на активни случаи на вирусот надмина 100. На Ковид-19 одделот во кавадаречката болница денес се хоспитализирани 42 пациенти.

Вики Клинарова

Поврзани новости