432
Четири непознати лица вчера околу 07:45 часот се обиделе да киднапираат 14 годишно дете, известува МВР.
Случајот во полиција го пријавил неговиот татко, 39-годишниот З.И. од село Палатица, кој кажал дека го носел неговиот син во училиште, кога патот на нивниот автомобил го попречил друг автомобил од кој излегле четири лица и се обиделе на сила да го внесат неговиот син во возилото.
Во тој момент излегла нивна соседка држејќи вила во раката, по што лицата побегнале во непознат правец. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.