Кабел предизвикал пожар во ресенско, пожарникарите се уште го локализираат

by fokus

Спој на електирчен кабел на непристапен терен предизвикал пожар во атарот на село Лева Река, ресенско вчера околу 16 часот, известува МВР.

Огнот опожарил борова и дабова шума а пожарот се ширел кон с.Кривени. Пожарот е се уште активен, а на место се излезени екипи од Територијалната противпожарна единица Ресен, Јавното претпријатие „Македонски шуми“ и дел од месното население.

Се преземаат мерки за гаснење на пожарот. За пожарот е запознаена и Дирекцијата за заштита и спасување.

Поврзани новости