Пендаровски: Се гледа светлото на крајот на тунелот

by fokus

Влегувањето на Македонија во евроатланските организации ќе биде исклучово по заслуга на политичари кои презеле чекори мислејќи на иднината на Македонија, а не на следните избори и на својот политички рејтинг, изјави амбасадорот на Македонија во НАТО, Стево Пендаровски, а денешната Конференција за евроатланска инеграција.

Како што рече тој за жал политичарите во Македонија размислуваат од избори до избори, но секоја чест, рече, на исклучоци. Тој одговори на прашањето кое било поставено како работен наслов на конференцијата „Дали ма светло на крајот на тунелот?“

-Јасно е дека според мене се гледа светло на крајот на тунелот. Тоа извештајот на ЕК недвосмислено го утврдува, за регионот, но и за нас посебно. Тоа не се случува прв пат, во изминативе десет децении се случуваше неколку пати, последен пат во 2005 година. Прозападните и прогресивни сили и во најголемата темнина не губеа надеж дека ќе ја вратиме државата таму каде што припаѓа. Интеграцијата на западно балканските држави освен морална димензија е потреба на континетот. Јасно е дека е релативно лесно да функционира економска Европа, но политичка Европа ќе функционира подобро ако рабовите на Европа се пацифизирани, демократски и ако се внатре во системот – рече Пендаровски.

Тој посочи дека во Европа се случуваа позитивни трендови со тоа што после Брегзит, Франција се враќа на голема врата и дека прва фаза од продлабочувањето на Унијата ќе биде предусловот за нејзино ширење.

-Алтренативите на евроатланските интеграции ги гледаме неколку години во регионот. Во Македонија такви увезени модели ги злоупотребуваат меѓуетничките односи и во последно време го злоупотребуваат прашањето за името и најчесто преку лажни вести и пропаганда не убедуваат дека одредени девијации во западните општества се правило, но испуштат да објаснат дека станува збор за исклучоци од правилата и дека по сите параметри западните модели на демократија се подобри од останатите  – порача тој.

Како што рече тој по комунистичката историја Македонија во два наврати постигнала завиден капацитет за исчекор.

-По три и пол години по конфликтот добивме статус на земја кандидат, а вториот пат е што добивме препорака по најригидна автократија на овие простори по падот на Милошевиќ. И пред 13 години и денес круцијален фактор е политичката волја на домашната структура. Последниот таков потфат е консензусот во работните групи на власта и опозиција за ОТА и правосудните закони. Тоа се случува за прв пат од 2005 година. Влегувањето на Македонија во следнитефази на ЕУ може да биде само домашен продукт, тоа нема да биде подарок – посочи Пендаровски.

Поврзани новости