И покрај намлениот број на тестови кои се прават во изминатите денови, сепак според последните два извештаи е забележан пад на бројот на заразени од Ковид-19.
Па така, според последната статистика, 15,5% од тестираните биле позитивни на Ковид-19, односно биле направени 1.525 теста, од кои позитивни биле 237. Извештајот од вчера пак покажува дека позитивни биле нешто над 12% од тестираните.
Претходните денови пак процентот беше повисок, односно според извештајот од 1 јануари, позитивни биле над 25%, а на 31 декември позитивни биле 32%, а деновите пред тоа процентот на заразени бил околу 20%. Неодамна, пак процентот на заразени постојано се движеше над 30%.
Во регионот, Македонија, со 120.3 починати на 100.000 жители се наоѓа на 3-тото место по вкупно починатите на 100.000 жители. На врвот се наоѓаат Словенија(128.2) и Босна и Херцеговина (122.8).