Се намалува бројот на административците

by fokus 13:02
13:02

Премиерот Зоран Заев во врска со огласите за вработување во државните институции денеска изјави дека секогаш при крајот на годината има примање и трансформирање на работниот однос и оти најчесто се пополнуваат испразнетите работни места.

–  Секоја година, при крајот на годината има примање и трансформирање на работни односи воедначено. Крајот на годината е можност за сите што поминале осуммесечен, деветмесечен приправнички стаж да може да напредува, да добијат решенија за трајно вработување и слично, а крајот на годината исто така ги прави и буџетските баланси за сите оние што отишле во пензија. Нема нешто повеќе, нема нешто помалку од она што постоело во годините без разлика дали следуваат избори или не, се пополнуваат испразнети места. Знаете дека администрацијата од 165 илјади е намалена на нешто под 140 илјади. Продолжуваме со тој тренд заради тоа што севкупната рационализација и потребата во приватниот сектор е се поизразена и исклучиво веруваме дека е тоа добро за државата, изјави Заев.

Одговарајќи на новинарски прашања, Заев нагласи дека реформата во јавната администрација се одвива под буден мониторинг на Европската делегација

- Advertising -
"

Поврзани новости