649
Три часа после полноќ во полиција било пријавено дека се скршени стакла на објект на политичка партија, информираа од МВР.
Според информациите во билтенот, во 03 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во бараките во кругот на општина Кисела Вода било скршено стакло од влезна врата на еден од објектите, кој го користи политичка партија.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.