Момче се бори за живот, а 11-месечно бебе е во тешка состојба поради компликации од морбили

by Fokus 17:34
17:34

Момче со церебрална парализа се бори за живот на Инфективна клиника поради сериозните компликации од морбили. Во тешка состојба и на механичка вентилација е и 11-месечно бебе со мали сипаници хоспитализирано на Клиниката за детски болести.

Досега со мали сипаници заразени се над 1.000 лице, што е најмногу во последните 20 години.

- Advertisements -

Податоците на здравствените власти се дека во земјава не се вакцинирани 22.612 деца до 14 години. Повеќето невакцинирани близу 19.000 се во внатрешноста, а околу 4.400 се од Скопје. Само годинава од морбили се вакцинирани над 20.000 деца.

 

Поврзани новости