Се гради споменикот на Мајка Тереза

by fokus

Градежни екипи денеска работеа на оформувањето на фонтаната и придружните елементи за споменикот на Мајка Тереза, кој ќе се наоѓа на плоштадот Македонија.

Иако првично овој споменик требаше да се изгради лани, тој стагнираше со изградбата.

„Во моментот се работат армирано-бетонски и изолаторските работи, и тоа на базенот и повисокиот дел – порталот. Обложувањето со мермер, релјефите и скулпторските работи ќе се реализираат кон крајот на оваа година“, велат од Министерство за култура.

Инаку, споменикот на Мајка Тереза требаша да биде донација од индискиот бизнисмен Субрата Рој. Но, откако пропадна идејата за реализација, наместо него, сега го гради Министерството за култура. Од буџетот за споменикот беа издвоени 5,6 милиони евра.

Градежната компанија „Бетон“ треба да изгради и придружни елементи како тераса, фонтана, милосрдни сестри, ангели, декоративни венци во форма на пехар и други релјефи.

Поврзани новости