Судењето за Диво Насеље на пауза до септември

by fokus

За настаните во кумановското Диво Насеље, судот нема да расправа во наредниот месец. Следното рочиште за случајот е закажано за 6 септември, објави „Мета“ повикувајќи се на извори од Кривичниот суд. Како и претходните, и тоа ќе биде затворено за јавноста и нема ќе може да го следат новинарите, бидејќи сè уште не е завршено сослушувањето на заштитените сведоци предложени од Обвинителството.

Од судот велат дека паузата е по договор меѓу адвокатите на одбраната и судечкиот совет, односно меѓу странките во постапката, и дека едномесечниот период нема да го наруши континуитетот на судењето. Според законските одредби, ако 60 дена не се одржи ниту едно рочиште за одреден предмет, судењето треба да почне од почеток.

Инаку, судскиот процес трае повеќе од половина година, но засега нема детали кои ќе обелоденат што или кој навистина стои зад инцидентот во Куманово. Во престрелка загинаа 8-мина полицајци и 10 припадници на оружената група.

Поврзани новости