Затворена телевизија во Азербеџан поради интервју со Фетула Ѓулен

by fokus

Азербејџанските власти затворија независна телевизија која планираше да емитува интервју со муслиманскиот свештеник Фетула Ѓулен, за кого турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган тврди дека стои зад неуспешниот воен удар во земјата, пренесе Слободна Европа.

Апелациониот суд во Азербејџан ѝ ја одзеде дозволата на телевизијата АНС, постапувајќи по тужбата поднесена од Националниот совет за телевизија и радио.

-АНС зазеде позиција спротивна на стратешкото партнерство меѓу азербејџанскиот и турскиот народ со давањето поддршка на Фетула Ѓулен и неговите поддржувачи, кои ги организираа крвавите настани кои доведоа до бројни жртви, се вели во соопштението на Националниот совет за телевизија и радио.

Поврзани новости