Се бара сексуалната ориентација да влезе во законот за антидискриминација

by Фокус

Бројните напади на ЛГБТИ центарот за поддршка, нападите на активисти, постојаниот говор на омраза алармираат за потребата од заштита од дискриминација и насилство. Внесувањето на сексуалната ориентација и родовиот идентитет во законот е прв чекор и основна мерка која законодавецот мора да ја преземе, изјави денеска Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет.

– Прашањето на заштитата на човековите права на ЛГБТИ заедницата, не е само изолирано прашање на една маргинализирана заедница, туку е прашање на степенот на демократија во едно општество – додаде Пировска.

Заедничкиот прес го оддржаа Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“, Акција Здруженска и на ФРИК. Според присутните извештаите за прогресот на Македонија кон ЕУ ја нагласуваат потребата од дополнување на антидискриминацискиот закон со вклучување на сексуалната ориентација како заштитен основ.

Поврзани новости