Експресно закажано судењето на Ставриќ за 26 мај

by Fokus 13:15
13:15

Експресно е закажно судењето на очниот хирург Дејан Ставриќ. На 26 мај ќе биде првото судско рочиште, што значи дека Ставриќ ќе седне на обвинителна клупа во Основниот суд Скопје 1, по обвиниение за сторено кривично дело, награда за противзаконско влијание.Како што дознаваме, процесот ќе го води судијата Верка Петковска.

По предлог на обвинителот Трајче Пеливанов вчера на Ставриќ му беше продолжен притворот за уште 30 дена. Според Кривичниот законик, на очниот хирург му се заканува максимална казна од три години.

- Advertising -

Според полицијата, лекарот кога бил вработен на Клиниката за очни болести – Скопје, дијагностицирал болест на очите кај еден од пациентите, за што му рекол дека со таква дијагноза повеќе не ќе можел да работи и дека за износ од 2.000 евра, може да му посредува за добивање инвладиска пензија. Според МВР, пациентот случајот го пријавил во полиција во април годинава.

Доктор Ставриќ на јавноста и е познат по тоа, што го предводеше штрајкот на лекарите скоро 50 дена

Поврзани новости