СДСМ: Заради промашените политики за енергија, граѓаните плаќаат 100 отсто поскапа струја

by fokus 11:57
11:57

Советникот за енергетика на обвинетиот Никола Груевски, Христијан Мицковски новоименуваниот директор на ЕЛЕМ е уште еден промашен обид на Груевски да ги покрие промашените проекти на коишто работеше ЕЛЕМ изминативе години директно по негова нарачка, реагираат денеска од СДСМ за новиот директор на ЕЛЕМ.

-Државната компанија ЕЛЕМ под водство на неспособните кадри на Груевски не направи ниту една сериозна инвестиција во енергетските капацитети на Р.Македонија. Државна компанија ЕЛЕМ со милиони евра пари на граѓаните гради рајски градини, барокни фасади… Токму советникот на обвинетиот Груевски Христијан Мицковски е човекот којшто очигледно го советувал зад името на ЕЛЕМ, Никола Груевски да ги реализира сите овие налудничави проекти. Заради овие промашени политики во енергетиката граѓаните на Р.Македонија изминативе 10 години плаќаат за 100% поскапа цена на електричната енергија, се вели во соопштението на СДСМ.

- Advertisements -

Од СДСМ додаваат дека советникот на Груевски бил назначен за директор на ЕЛЕМ „за  да се обиде на 70 дена од конечното заминување на оваа неодговорна власт да ги прикрие криминалите што се направени во енергетиката за овие 10 години“.

Поврзани новости