Димовски: Ако нешто ме прашате, демонстративно ќе ја напуштам седницата

by fokus 12:17
12:17

Денешната пленарна седница на Собранието на која треба да се поставуваат  пратенички прашања, беше прекината само што започна, затоа што Илија Димовски побара пауза. Тој рече дека ако некој го праша нешто, тој демонстративно ќе ја наушти седницата.

-Досега беше пракса последниот четврток од месецот да има пратенички прашања. Должност им беше на пратениците да поставуваат прашања од јавен интерес додека јавните функционери да одговараат. Од денеска нормално би се сметало премиерот и своите министри да не одговараат колку и да прашуваме и да не обвинуваат за мобинг и демонстративно да ја напуштат седницата. Ова сознание по 25 години, конечно ни го обелодени еден специјален човек со специјална мисија да не научи дека сме биле во заблуда, рече Димовски.

- Advertisements -

Паузата ја побара со цел, како што рече, пратениците да ги сфателе новите правила на игра.

Поврзани новости