696
За кратко се очекува да започне прес конференцијата на СДСМ која лидерот неочекувано ја закажа за утринава во 10 часот. Зоран Заев на ФБ напиша – Итна прес конференција во седиштето на СДСМ.
Неговиот пост го пренесоа многумина од партијата. Темата, според извори на Фокус, ќе биде одлуката на ДИК со која се оспори ветото на Кире Наумов во врска со новото задолжување на Владата од 100 милиони евра.