ДПМНЕ пак призна дека без кредити ќе нема пари за пензии и социјална помош

by Фокус 20:54
20:54

ВМРО-ДПМНЕ испрати реакција на соопштението на СДСМ по поништувањето на ветото на заменик-министерот Наумов, во која уште еднаш јавно признава дека државата мора да се задолжува за да може да ги исплаќа пензиите и социјалната помош.

-Пропадна обидот на СДСМ да ги спречи исплатите на пензии и социјална помош. СДСМ не успеа да ги казни пензионерите, социјалните случаи и сите оние кои не ги поддржуваат нивните деструктивни политики. СДСМ сакаше да ја види Македонија на колена и да ја доведе во неизвесност егзистенцијата на 300.000 пензионери и на примателите на социјална помош, се вели во рекацијата на ВМРО-ДПМНЕ.

- Advertisements -

Од владејачката партија велат дека Заев сакал да оди против народот, а СДСМ лажела дека Владата некотролирано се задолжува. Според ДПМНЕ, на ваков начин, со земање кредите за исплаќање на пензии и социјална помош, се финансирале сите земји во Европа.

Поврзани новости