СДСМ: За „Скопје 2014“ годинава ќе се потрошат дополнителни 46 милиони евра

by Фокус

Проектот „Скопје 2014“ не заврши во 2014 година. Бунарот без дно продолжува и во 2015 година. Авторот на проектот е ист, Никола Груевски. Различен е само извршителот. Овој пат тоа е Коце Трајановски, истакна на денешната прес-конференција, Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ.

„Оваа 2015 година, преку градот за проектот „Скопје 2014“ ќе се потрошат 46.175.000 евра и тоа на следните начини:

• 18 милини евра за панорамско тркало
• 10 милиони евра за барокна административна зграда на ЈП Водовод и канализација.
• 6,8 милиони евра за нови барокни фасади на зградите во центарот на градот
• 5 милиони евра за нови фонтани и плоштади
• дополнителни 4,3 милиони евра за недоизградената катна гаража Даме Груев
• 1,3 милиони евра за довршување на новата градска куќа, односно за луксузни канцеларии за Коце Трајановски
• 325.000 евра за лифтови за катни гаражи
• 250.000 евра за илуминација на споменици и фонтани
• 200.000 евра за уште еден карусел, или вкупно 46.175.000 евра за раскош и луксуз, истакна Манчевски.

Тој додаде дека граѓаните на Скопје имаат многу поголеми приоритети за кои можат да се потрошат овие пари. Затоа истакна дека СДСМ предлага овие пари да се пренасочат.

„Овие пари да се потрошат на:

• вонредни мерки за намалување на загадувањето на воздухот
• ново средно училиште во Аеродром
• водовод за деловите од градот кои се уште не добиваат вода од централниот водовод
• субвенции за енергетска ефикасност
• бесплатен јавен превоз за студентите секој ден
• изградба на пречистителна станица, или на изградба на подземна сообраќајница во центарот на Скопје што чини 50 милиони евра, од којашто Коце Трајановски се откажа за сметка на раскошот и луксузот, посочи Манчевски.

 

Поврзани новости