Студентски Пленум: Одбиваме да бидеме експеримент!

by Фокус

Студентскиот Пленум му даде поддршка на СОНК, истакнувајќи дека средношколци и просветни работници, одбиваат да бидат експеримент.

„Студентскиот пленум најдобро го познава игнорантскиот однос на власта за образовните политики, кои се темелат на наметнати недоволно анализирани решенија, од кои се исклучени сите засегнати страни. Студентскиот пленум ја поддржува битката на просветните работници за остварување на нивните права и битката за квалитативно подобрен образовен систем, наместо куп администрација и квантитативно лоши решенија!“, велат од Студентскиот пленум.

Оттаму додаваат дека ги охрабруваат просветните работници да ја продолжат својата битка, во интерес на своите ученици, со барања за подобро образование и барање за анализа на досегашните постигнувања на екстерното тестирање, освен намалувањето на просекот на учениците и казнувањето на наставниот кадар.

„Да не заборавиме дека образованието е на сите нас, па од тука и оваа битка е на сите нас. Веруваме дека заедно и ќе ја истераме битката до крај и конечно образованието ќе биде вратено во вистинските раце!“, велат студентите.

Поврзани новости