СДСМ: Времето на криминал и насилство заврши со заминувањето на ВМРО во опозиција

by Фокус

ВМРО-ДПМНЕ секојдневно шири невистини и измислици во обид да го прикрие деструктивното однесување преку коешто се обидува да ја закочи македонската иднина, велат од СДСМ, реагирајќи на обвинувањата на опозициската партија дека економијата тоне додека првите луѓе во власта ги шират своите бизниси.

„Времето на криминал, насилства, задолжувања, газења на човековите права и слободи заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција. Македонија повеќе не е заробена држава, туку е слободна, демократска, напредна држава – пријател и партнер на регионот и демократскиот свет. Ниту една лага на ВМРО-ДПМНЕ нема да ги прикрие реалните факти коишто велат дека платата во мај 2018 година е за 7,1 отсто повисока во споредба со истиот месец од 2017 година, дека само во првиот квартал се влезени рекордни 235 милиони странски инвестиции, дека Македонија е на чекор до влез во НАТО и почеток на преговори со ЕУ“, соопштија од СДСМ.

Од таму порачуваат дека граѓаните ги поразија погубните политики на ВМРО-ДПМНЕ и дека ќе го поразат и нивното деструктивно однесување.

Поврзани новости