ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Анѓушев ја претворија државата во сопствена компанија

by Фокус

Додека граѓаните осиромашуваат и се  вознемирени од изјавите каде што постојано се менуваат ставовите на Зоран Заев дали ќе биде распишан референдум, Заев и Кочо Анѓушев ја претвораат Македонија во сопствена фирма, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

„Граѓаните гледаат дека додека економијата доживува вистински крах, стопанството е пред банкрот, додека се намалува просечната плата, се бркаат странските инвеститори, семејните бизниси на Кочо Анѓушев и Зоран Заев цветаат и тоа со сесрдна помош на институциите под нивна контрола“, стои во соопштението.

Од опозициската партија додаваат дека Заев како од ракав им делел 10 милиони евра на Анѓушев, Хари Локвенец и други сопартијци, претставувајќи ги како инвеститори.

Поврзани новости