СДСМ: Во МВР за време на изборите имало штаб и кол центар на ВМРО-ДПМНЕ?!

by Фокус 15:42
15:42

Во два телефонски разговори, кои ги објави СДСМ, за изборните нерегуларности, министерката Гордана Јанкулоска, според нив, признава како во МВР функционира месен комитет на ВМРО-ДПМНЕ, односно од министерството се вршеле и полициски, ама и партиски работи.

Министерката Јанкулоска во еден од телефонските разговори му вели на Кирил Божиновски, како си работата партиски работи во МВР, а кога доаѓале амбасадорите и претставници од ОБСЕ ги носеле во друга просторија, за да виделе дека се е во ред.

- Advertising -

Поврзани новости