432
Социјалдемократскио сојуз реагира на последните случувања со Специјалното јавно обвинителство и Управата за безбедност контраразузнавање и апелира обвинителството да биде оставено професионално да си ја врши работата во интерес на правдата.
Владеење на правото во оваа земја мора да има и секој кој го прекршил законот ќе се соочи со одговорност. Попречувањето на работата на СЈО од страна на соработниците на Никола Груевски и Сашо Мијалков во системот на МВР укажува на паничен страв на фамилијата од откривање на вистината за сторениот криминал и оддава признавање на вина. Одговорност за прислушувањето мора да има и ќе има- стои во соопштението на СДСМ.