Опозицискиот СДСМ денеска на прес конференција пред Градскиот трговски центар објави дека нивните активисти во раните утрински часови, додека лепеле плакати и делеле пропаганден метеријал за референдумот во недела, биле пресретнати од полициската единица „Алфи“, при што неколку часа биле малтретирани и на крајот дури добиле прекршочни пријави за нарушување на јавен ред и мир, само зашто спроведувале активности за претстојното граѓанско изјаснување за зачувување на автентичниот изглед на ГТЦ.
Во исчекување на видеото што сведочи за претходно кажаното, што социјалдемократите најавија дека ќе го објават во текот на денот, од опозициската партија јавно споделија заклучок од седница на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Центар, потпишан од претседателката на комитетот Аспазија Софијанова, според кој, партиски членови треба да ги посетат сите домаќинства за да ги убедат да не излезат неделното гласање, како и членови на партиската младина навечер да го отстрануваат пропагандниот материјал на опозицијата и да подготвуваат флаери и плакати против референдумот.
СДСМ ги повика граѓаните да на наседнуваат на провокации и масовно да го поддржат референдумот, кој, според последната анкета нарачана од опозицијата, треба да го поддржат 80 отсто од жителите на Центар.