413
ВМРО-ДПМНЕ вршело разни притисоци, користела приватни компании и бизнисмени за да работат во интерес на партијата и преку злоупотреба на институциите ги оцрнувале активнсотите на опозицијата.
Ова, според претседателот на општинскиот комитет на СДСМ во Кавадрци, Зоран Ѓорѓиев, треба да го покажат објавените разговори во рамки на новата опозициска „бомба“, која социјалдемократите ја објавуваат во овој град.
Исто така, Ѓорѓиев додаде дека разговорите покажуваат оти градоначалникот на општината, Александар Панов, во разговори со владини министри признава дека советничката листа на владејачката партија за последните локални избори „не е добра“.