Нова четврта средба во 15:30 часот меѓу средношколците и МОН

by Фокус

Средношколците денеска по четвртипати се повикани на средба во Министерството за образование, каде треба да се сретнат со ресорниот министер Абдулаќим Адеми и уште неколку преставници. Средбата е закажана во 15 и 30 часот во просториите на МОН.

Првите три средби досега немаа некаков успех, со што не се постигна никаков договор меѓу ресорното министерство и Средношколскиот пленум, кои бараат враќање на стариот концепт на државна матура и укинување на екстерното тестирање.

Околу 70-80 средношколци веќе четврти ден кампуваат во Паркот на новинари, наспроти МОН.

Поврзани новости