СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ сака да испровоцира немири

by fokus

Социјалдемократскиот сојуз и порача на македонската јавност внимателно да ја следи работата на Државната изборна комисија и да не одговара на обидите на ВМРО-ДПМНЕ да испровоцира тензија меѓу граѓаните.

Од СДСМ апелираат ВМРО-ДПМНЕ да престане со „злоупотреби на локалната и на државната администрација, со носење на протести и на контрапротести и така да врши притисок и да ги прејудицира одлуките на ДИК“.

-Токму оваа практика ги доведе до пораз, но, за жал, поразот не ги освести и продолжуваат да го прават истото. Граѓаните да бидат внимателни и воздржани и да ги следат работата на ДИК и нејзините одлуки- се вели во соопштението на СДСМ.

Поврзани новости