СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ почна да ги чита извештаите на Светска банка ама не знаат да ги толкуваат

by fokus

„ВМРО-ДПМНЕ конечно почнаа да ги читаат извештаите на Светска банка и други меѓународни економски институции но се уште не знаат добро да ги толкуваат“, реагираат од СДСМ, по обвинувањата упатени од ВМРО-ДПМНЕ.

-Доколку ВМРО-ДПМНЕ за 11 години владеење ги читаше и спроведуваше препораките од Светска банка, Меѓународниот монетарен фонд и останатите меѓунардони институции, немаше економијата да ја доведат на дното, а долгот тројно да го зголемат.

Единствениот успешен план на ВМРО-ДПМНЕ беше 11-годишниот грабеж што им го приредија на граѓаните и државата.

Владата предводена од СДСМ ги надминува штетните последици од криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ и ја поставува економијата на стабилни и здрави основи.

По разрешување на наследените проблеми, градежните работи тргнуваат со засилено темпо и во изградбата на автопатите со пропусти и во процесот на изградба и реконтсрукција на 60 патни правци во вредност од 270 милиони евра, со што се создваат услови градежништвото да се врати на посакуваниот правец со двоцифрени стапки на раст, што позитивно ќе влијае и врз севкупниот економски раст.

Времето на вештачки надувани бројки и весели математики со коишто ВМРО-ДПМНЕ ги лажеше граѓаните додека им ги крадеше парите за остварување криминални интереси на фамилијата, заврши. Сега се работи одговорно, домаќински, транспарентно и во интерес на граѓаните.

Граѓаните да бидат спокојни, економијата се движи во добар правец, ќе има пари и за поголеми плати и за поголеми пензии, за раст и развој, велат од СДСМ.

Поврзани новости