Столтенберг: Ако Грција нема против, повелете во НАТО под привременето име

by fokus 18:38
18:38

Ако Грција прифати влез на Македонија во НАТО под привремената референца, НАТО нема да има ништо против, изјави генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг по средбата со премиерот Зоран Заев, пренесува НОВА.

На заедничката прес конференција првиот човек на НАТО објасни дека за прием на НАТО на Македонија треба да се исполни условот влезен во сите заклучоци на НАТО од 2008 година па до последниот самит во Варшава во 2016 година. Тој услов вели дека за да се добие покана за влез во НАТО Грција и Македонија треба да најдат заедничко решение за името.

- Advertisements -

Но, во тој документ не стои какво решение треба да се најде. Тоа треба да го одлучат Скопје и Атина.

Оттука, Столтенберг вели:

“Она што го рековме на сите самити од 2008 година е дека е потребно заеднички прифатливо решение во рамките на НАТО. Ние не прецизиравме какво решение. Она што е важно е да биде заеднички прифатливо и прифатено од Грција и поранешната југословенска Република Македонија. И тогаш ќе можеме да тргнеме напред. Но не е до мене да диктирам какво треба да биде решението. Туку заеднички прифатливо решение во рамките на Обединетите Нации”, изјави шефот на Алијансата.

Поврзани новости