Во вториот сет аудио снимки, СДСМ тврди дека Влатко Чинговски од ЕЛЕМ и Сашо Јаќимовски од ВМРО ДПМНЕ Гостивар договараат кои партиски кадри да бидат вработени. Тие договораат список со лица кои заслужиле да бидат вработени. Дури и се договора кој да биде примен од ВМРО ДПМНЕ кој од ДУИ.
Според снимките, спорни се електро-инженерите, за кои Чинговски инсистира да бидат од ВМРО ДПМНЕ, а Јаќимовски го предупредува дека и ДУИ сака вработувања.
Во друг разговор, според СДСМ, Чинговски и Јаќимовски одново зборуваат кои партиски членови мора да се вработат низ државните институции. Проблем, според содржината, им се Албанците кои инсистирале да имаат свои преставници. Чинговски инсистира да вработат точно 28 лица, а Јаќимовски пак му сугерира да намали за неколкумина за да се реализираат апетитите за ДУИ кои сакале 15 -тина нивни да се вработат. Дури лицата кои ќе бидат ангажирани се дознава дека се волонтери.
Според СДСМ дури и за волонтери морало да постои партиски договор.