СДСМ: За Јанкуловска Албанците се диво племе, Бејта избран со помош на ВМРО ДПМНЕ

by Фокус

Во третиот сет прислушувани разговори СДСМ тврди дека Јанкуловска и Мијалков зборуваат за кадрите на ДУИ.

Јакуловска ги нарекува Албанците Индијанци и диво племе, а на Мијалков му пренесува дека зборувала со Муса Џафери од ДУИ за да му објасни дека ситуацијата е таква како што ќе каже ВМРО ДПМНЕ во однос на кадри во Министерството за одбрана.

Дарко Димитриевски екс пратеник од Гостивар зборува со Антонио Милошовски и му признава дека нивните кандидати на советници немаат кредибилитет за локалните избори. Димитриевски пренесува дека можеле и подобри кандидати да имаат, односно луѓе со авторитет кои ќе се спротивставеле на Албанците. Предложените кандидати биле анонумуси, како што Димитриевски ги нарекува.

Во друг разговор, според СДСМ, Милошовски и Димитриевски договораат како да се поддржи Невзат Бејта од ВМРО ДПМНЕ, иако фаворит и подобар кандидат бил Руфи Османи. Двајцата споменуваат дека пазарот со ДУИ во Гостивар е направен за Куманово.

Фатмир Бесими во еден разговор го потврдува пазарењето со ВМРО ДПМНЕ, членовите на ДУИ да гласаат за кандидатот на ВМРО ДПМНЕ во Куманово, а тие на ВМРО ДПМНЕ да гласаат за кандидатите на ДУИ во Тетово и Гостивар.

Поврзани новости