Ниту едно лажно обвинување, ниту една празна прес конференција не може да го сокрие фактот дека ВМРО-ДПМНЕ го укина законското право на усогласување на пензиите со растот на трошоците за живот, велат денеска од СДСМ.
-Лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ е видливо и јасно. Криминалното владеење на Никола Груевски создаде милионска дупката од долгови во ПИОМ. Покрај ускратувањето на законската можност од зголемување на пензиите согласно трошоците за живот, Владата на ВМРО-ДПМНЕ не предвидела средства во буџетот за покачување на пензиите. За разлика од таквиот лажен, лицемерен пристап на ВМРО-ДПМНЕ,Владата предводена од СДСМ ја исправи неправдата кон пензионерите. Целосно се спроведува законското усогласување на пензиите согласно растот на трошоците на живот и покачувањето на платите и по тој основ пензионерите ќе добијат дополнителни 2.160 денари за цела 2017 година, за просечна пензија, стои во сооштението на СДСМ.