И во Охрид ќе има референдум за мигрантите

by fokus

Советот на општина Охрид денеска со 13 гласа ЗА и два гласа воздржани изгласа да има референдум за или против наводно вдомување мигранти во специјални кампови и станови во Охридско. Референдумот ќе се одржи на 15 октомври заедно со локалните избори.

Иницијаторите за референдумот советниците од ВМРО ДПМНЕ ги обвинија колегите од СДСМ дека сакале да го претворат Охрид во бегалски камп.

Советниците од СДСМ рекоа дека ВМРО-ДПМНЕ шири беспотребна параноја , страв кај граѓаните со цел да ги дефокусира од вистинските проблеми со кои се соочува градот.

 

 

Поврзани новости