Самата помисла од свикување на Собранието кај ВМРО-ДПМНЕ раѓа нервоза, паника и страв, што се гледа и преку ниските соопштенија полни со тешки лаги и невистини, посочуваат од владејачката СДСМ.
„Таквите тешки лаги докажуваат дека фрустрациите кај Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кулминираат, ВМРО-ДПМНЕ е единствената опозициска партија која се плаши од Собранието
Тоа е така затоа што ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски знаат дека не контролираат повеќе од 20 отсто од пратеничката група во Собранието. Затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се исплашени од Собранието, затоа се против законодавниот дом кој во секоја демократија е контролор на Владата.
Тешки се фрустрациите во белиот дворец, штом опозициската партија има порив секојдневно да шири тешки лаги, штом со сите сили се посветени на деструктивно дејствување против демократијата, против здравствениот систем и против здравјето на граѓаните.
Кризата со корона вирусот ќе заврши, но неодговорното, антидржавно, ниско и мизерно однесување на ВМРО-ДПМНЕ во време на глобална економско-здравствена криза ќе се памети уште многу долго“, додаваат од партијата.