Доктор Балевски: Лавовски се бориме со вирусот, Македонија добро се справува!

by Fokus 12:18
12:18

Доктор Игор Балевски, кој е шеф е на тимот за интервентна кардиологија во Марибор и доктор на медицински науки за Интервентна кардиологија во Словенија во гостувањето во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, анализираше како Словенија се справува со кризата.

Како што порача Балевски, најважно е во овие моменти да бидеме сполотени за побрзо да го победиме вирусот.
„Најважно е да се слушаат препораките од инфектолозите и да се следат препораките на Владата. Во наредниот период најважно е миење раце, носење маска, проветрување на простории и мислам дека Македонија добро се справи со сето тоа. Лавовски се бориме. Во моментов е најважно да се сплотиме и заедно да помагаме“, изјави д-р Балевски.

Поврзани новости